ПРОШИРУВАЊЕТО МОРА ДА БИДЕ НАЈВИСОК ПРИОРИТЕТ ЗА ЕУ ЗА ДА СЕ НАДМИНЕ БУГАРСКОТО ВЕТО, ЈАНША: МОРАМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ ДА НИ СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ЕУ

0
855

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша одржа прес-конференција и рече дека е можен напредок во процесот на проширување со Скопје и Тирана во октомври доколку има согласност на земјите-членки.

Јаншта смета земјите-членки на ЕУ не треба да се противат на проширувањето и е потребна отворена дебата за таа темата.

“Постои дилема во Европа дали проширувањето е од стратешка важност или не” – рече Јанша.

Во меѓувреме други сили влијаат врз регионот на Западниот Балкан.

“ЕУ поминува премногу време да одговара тактички на последиците создадени од другите, ЕУ е прекрасна идеја и сакаме други земји да се приклучат” – рече Јанша.

За Словенија, проширувањето треба да биде врвен приоритет во Советот на ЕУ.

“ЕУ прави големи чекори напред кога се фокусира на нештата. Ако проширувањето стане шеста тема на дневен ред, никогаш нема да стигнеме до темата. Ако ја кренеме темата како приоритет, ќе можеме да направиме конкретни чекори напред. Албанија и Северна Македонија можат да одат напред на следниот самит во октомври ако се концентрираме сите на тоа. Европската Комисија помага, но тоа е политичка одлука” – рече премиерот Јанша.