ПРОСЕКОТ НА ПЛАТИТЕ ВО ТИРЗ ЌЕ БИДЕ ПОВИСОК ОД ПРОСЕКОТ НА НАЦИОНАЛНО НИВО, ДЕСПОТОВСКИ: ИЗВОЗОТ НА КОМПАНИИТЕ ВО ТИРЗ НАДМИНУВА 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА 2021 ГОДИНА

0
600

“Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во целост го реализираше планираниот буџет за поддршка на компаниите што функционираат во рамки на ТИРЗ. Исто така бројките покажуваат дека заклучно со месец ноември, близу сме до вкупен извоз од 3 милијарди евра, а конечните податоци ќе бидат објавени на почетокот на 2022 година” – изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

“Можам со задоволство да кажам дека дури повторно имавме ист случај со две компании како минатата година, што пред време ги исполнија предвидените обврски во однос на постигнување на број на вработени, да државата излезе во пресрет. Дополнително излеговме во пресрет на неколку компании што имаа тешкотии поради глобалната криза во делот на набавката на чипови и застој во делот на производство” – рече директорот Деспотовски.

“Јас сум оптимист дека ќе имаме рекордна година од аспект на извоз, стабилно ниво на работни мета и прв пат ќе имаме ситуација во која просечната плата во компаниите во зоните ќе биде повисока од просечната плата на националната економија” – изјави тој.