ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ТЕЧЕ УШТЕ ПОДОБРО, ЛУКАРЕВСКА: ДО ВЧЕРА УЈП ИСПЛАТИ ПОВРАТ НА ДДВ НА 313 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ

0
1469

“Вкупно 313 473 граѓани заклучно со вчера добиле поврат на ДДВ за првото тримесечје од годинава со што се реализирани 392 105 912 денари. Ќе биде исплатен и останатиот мал процент средства” – рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

“Останат е уште мал процент да се врати назад кај корисниците на апликацијата “Мој ДДВ” зашто имавме одредено техничко доусогласување откако се случи минатиот пат да имаме двојна исплата. Многу внимаваме во тој дел, да не ја направиме истата грешка. Навреме како и досега ќе биде реализиран повратот на средства кај граѓаните” – истакна Лукаревска.