ПРОБЛЕМИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗРЕШЕНИ И УБЕДЕН СУМ ДЕКА ЌЕ ГИ ПОЧНЕТЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ХАВИЕР СОЛАНА: КАКО ВАШ ПРИЈАТЕЛ СЕКОГАШ ВИ СТОЈАМ НА РАСПОЛАГАЊЕ

0
1065

“Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО, сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија” – изјави поранешниот висок претставник за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана во своето видео обраќање на конференцијата “По Охрид” за 20-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

“Ми претставува задоволство што имам можност со вас да прославам 20-годишнина од Охридскиот рамковен договор. Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но исто така, е многу важен и за мене. Тоа беше почетокот на едно патешествие на соработка помеѓу различни народи од земјата” – изјави Солана.

Toj потврди дека е многу добар пријател на Северна Македонија и дека секогаш можеме да му се обратиме за помош.

“Ви посакувам многу среќа Северна Македонија” – порача Солана.