ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ЗАГРЕБ: БЛАГОДАРНИ СМЕ ЗА ПОДДРШКАТА ОД ХРВАТСКА ЗА ПРОСПЕРИТЕТЕН БАЛКАН ВО РАМКИ НА ЕУ

0
251
Milanovic Hrvatska

“Хрватска е една од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Ние сме и’ благодарни на Хрватска за искрената поддршка и одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија” – рече претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб.

“Секоја земја се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет, но без соработка меѓу државите тоа би било недоволно. Нашите две држави, нашите граѓани ги поврзуваат длабоки историски и културни врски, ние сме блиски по географија, слични по јазик, култура и по менталитет, светоглед и вредности” – рече Пендаровски.