ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ, ЗАЕВ НА МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ ВО ПРИЛЕП: ДАВАМ ЗБОР ДЕКА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ЌЕ ГО ПОДДРЖУВА ПРИЛЕП УШТЕ ПОВЕЌЕ, ДА ГЛАСАМЕ ЗА НАЈДОБРАТА ПОНУДА ОД СДСМ

0
663

“Држава се гради со љубов, патриотизам и почитување, Прилеп се сака со дела, не со зборови.

Горан Сугарески како министер покажа како се работи чесно, одговорно и посветено. Со многу труд успеа да ги надмине последиците од криминалните договори на ВМРО-ДПМНЕ за автопатите, успеа да ги откочи проектите, да ги санира штетите и да ја забрза реализација. Целата држава ја претвори во огромно градилиште, се реконструираа и пробиваа бројни патни правци, автопати, експресни, магистрални и локални патишта.

Истото тоа ќе го преслика и овде во Прилеп, да немате дилема дека сѐ што е во неговата програма ќе биде реализирано, а за тоа секако поддршка ќе има и од централната власт. Давам збор дека централната власт ќе го поддржи Прилеп како никогаш досега.

Затоа, на 17-ти октомври да го одбереме Најдоброто, да гласаме за Горан Сугарески и советничката листа на СДСМ и коалицијата.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ, ЗОРАН ЗАЕВ