ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ-ЧЛЕНКИТЕ, ШАЛЕНБЕРГ, КУЛХАНЕК И ЛОГАР: СО СЕКОЈ НАШ ГЕСТ ПОКАЖУВАМЕ ДЕКА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

0
762

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ги прими министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек кои се во еднодневна работна посета на нашата земја.

Во разговорите за време на средбата во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија. Премиерот Заев ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што овие земји ни ја даваат во евроинтеграцискиот процес и на проширувањето на ЕУ и се осврна на значењето на европскиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан како значаен за пост-ковид економијата и за закрепнувањето на земјите од последиците од пандемијата.

“Како земја-кандидат, за членство чекаме веќе 16 години и како Влада со секоја наша постапка, со секој гест, со секоја политика што ја реализираме, покажуваме почитување на сите европски вредности. Преземаме чекори за големи реформи во економијата и образованието како меѓусебно врзани процеси, но работиме и на интензивни реформи во секоја сфера на општеството” – истакна Заев.