ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ВАРХЕИ И СИЛВА: ИМАМЕ ДОБАР ПРЕДЛОГ ОД ЕУ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА СПОРОТ СО БУГАРИЈА И ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ

0
871

“Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое сме убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија.

Министерот за надворешни работи на Португалија Силва и еврокомесарот Вархеји денеска презентираа предлог-решение за надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, со цел да се деблокира одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Сметаме дека сме во вистинскиот момент да одиме чекор понатаму, да се вложиме сите и час поскоро да постигнеме договор во интерес на заедничката европска иднина. Тоа го очекуваат и го бараат граѓаните на нашите две земји, тоа го очекуваат европејците, тоа си го должиме себеси, тоа му го должиме на народот.”
– ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ