ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА: ПОЛСКА ГО ПОДДРЖУВА ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЕУ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

0
598

“Полска беше и остана искрен и вреден пријател на Северна Македонија за време на процесот на нејзиното остварување на целта да биде членка на НАТО, како и во поддршката за остварување на сите нејзини обврски за исполнување на условите за членство во ЕУ” – рече премиерот Зоран Заев на средба со полскиот претседател, Анджеј Дуда што се одржа на маргините на Самитот на Алијансата во Брисел.

На средбата, на која присуствуваа и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Бујар Османи, беше истакнато взаемното задоволство од позитивниот развој на блиските и пријателски односи меѓу двете земји што беше оценето како одличен потенцијал за идната соработка.

Како посебно значајна премиерот Заев ја оцени иницијативата на Полска и на земјите од Вишеградската група да приложат документ на претстојната Конференција за иднината на Европа во кој силно се поддржува пристапувањето на земјите членки на Западен Балкан во ЕУ.