ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ИМ Е НОЌНА МОРА НА ЌОСИЊАТА, КОЛЕ ЧАШУЛЕ: ЦРВЕНКОВСКИ ГО АБОЛИЦИРАШЕ ЗАЕВ ЗА ДЕНЕС ДА НИ ПРАВИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО СО БУГАРИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
1699

Во својата емисија “Седмица”, вмровскиот пропагандист Коле Чашуле и овој пат тргна со атак кон премиерот Заев. За таа цел, се послужи со говорот на екс претседателот Бранко Црвенковски во Сараево каде што тој кристално јасно застана во одбрана на македонскиот идентитет и јазик, негирајќи ги шовинистичките тези без научна основа на поранешниот бугарски претседател Плевнелиев дека наводно македонскиот јазик бил измислен од Тито и Коминтерната како противтежа на Бугарија.

Чашуле го обвини екс претседателот Црвенковски за приватизацијата во 90-тите и покрај тоа што не потклекнувал на бугарскиот антимакедонизам. Но отворено го нападна и него поради тоа што го аболицираше Заев во време на неговиот мандат како претседател. Според Чашуле, ако Заев тогаш завршел во затвор поради случајот Глобал, денес Заев не би бил премиер и не би вршел национално предавство во преговорите со Бугарија.

“Заев место да сруши режим со пенкало, денес ни прави велепредавство со пенкало, распродавајќи се’ македонско на Бугарите” – дециден беше Чашуле.

Случајот Глобал беше намерно монтиран и инструментализиран против Заев во време на екс режимот на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го заглават во затвор на многу години и да го елиминираат како потенцијален политички противник. Треба да се има предвид, дека изградбата на Глобал беше контролирана и со ревизија од ЕУ а подоцна Заев и самиот на суд докажа дека биле неосновани обвинувањата против него. Тој спин што и натаму го верглаат е само еден од обидите за оцрнување на Заев бидејќи се со празни раце.