“Отворен Балкан” е иницијатива спротивна на националистичките агенди, со која јасно ѝ покажуваме на ЕУ дека Северна Македонија, Србија и Албанија се сериозни на европскиот пат. Со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер дискутиравме за целите кон кои се стреми овој проект за поврзување на регионот во заеднички пазар, кој ќе ни донесе многу придобивки и кој ќе биде акцелератор на процесот за членство на нашите три земји во ЕУ.
Дополнително разговаравме и за придобивките за нашата држава од дигитализацијата во делот на менаџирање со податоци при справувањето со КОВИД-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет.
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ