ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ Е УБЕДЕН ДЕКА НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ Е КОНСЕНЗУС НА СИТЕ ПАРТИИ ЗА УСПЕШЕН ПОПИС НАЕСЕН

0
1061

Премиерот Зоран Заев денеска гарантираше дека ќе стори се’ за пописот да даде квалитетни и целосни податоци од кои потоа ќе може државата квалитетно да ги димензионира идните политики. Важно е низ дијалог да се постигне консензус за секое битно прашање, по што повика сите да придонесат да имаме успешен попис.

“Секоја отстапка, секоја големина, секоја широчина која ќе ја гарантира успешноста на процесот е добредојдена и важна во функција на успешноста на процесот. Еден граѓанин да не се попише е проблем. Сите треба да се попишат. За СДСМ да повика на попис, да учествува во пописот и да даде придонес, вредно е да ги слушнеме и нивните аргументации.” – изјави премиерот Зоран Заев во Собранието.

Додаде дека поголем дел од населението ќе биде имунизирано, но никој не може да гарантира дека во септември нема да им поголем бран од сегашниот на коронавирусот. Следно е да разговараат предлагачите со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица.

Заев очекува Алијанса на Албанците и Алтернатива да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Законот за попис затоа што логично е да застанат сите зад тоа решение. Потсети дека тие во минатото имале свои интервенции со амандмани за наместо во април, пописот да се одржи во јуни поради што смета дека не би требало да има проблем.