ПРЕМАЛИ СЕ НАШИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ДА ЖИВЕЕМЕ ИЗОЛИРАНИ НА БАЛКАНОТ, ЕДИ РАМА: ПОФЕР ЌЕ БЕШЕ ЕУ ДА КАЖЕШЕ ДЕКА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОТКОЛКУ ДА ИМА БУГАРСКО ВЕТО

0
1067

“Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел” – изјави премиерот на Албанија, Еди Рама на првиот Економски форум во Скопје по неуспехот на ЕУ да дозволи почеток на преговори за Скопје и Тирана.

“За мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија и да направиме максимум со цел да ги споиме нашите мисии во една мисија, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката” – рече Рама во своето обраќање.

“Ние сме премали за да живееме изолирани едни од други, премали за да ја бараме иднината за нашите деца сами, но ние тоа можеме да го направиме заедно. Нашите простори кои се ограничени со граници не се доволно привлечни за да се направи трансформациска промена како економии, но нашата заедничка економија е привлечна и ние треба да ја направиме доволно привлечна за сите” – порача Рама.

По решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите на Балканот имаат право да се чувствуваат фрустрирани поради блокадата од Бугарија.