ПРЕД ИЗБОРИ СЕ ПОЈАВИ МАЛЧЕСКИ НА АЛФА И НАЈАВИ ЧИСТКИ ПРОТИВ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ КО ВО ГРУЈОВО ВРЕМЕ: СДСМ Е ЛОШ ВО ВЛАДЕЕЊЕТО, ДОЛГА Е РАКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ НО Е ПРАВЕДНА?!

0
1246

По подолго време, на Алфа во емисијата “Заспиј ако можеш” се појави поранешниот квазистудентски лидер Самоил Малчески.

Тој остро ги нападна образовните реформи на министерката Мила Царовска иако самиот тој во минатото беше синоним за форсирање на партиски и непотистички врски на партиски универзитет во Грујово време.

Според него, СДСМ бил лош во владеењето и менаџирањето со државата бидејќи самиот тој не можел ниту да види ниту да почувствува каде завршувале 4 милијарди евра од буџетот секоја година. Можеби требале неговите сопартијци подобро да го информираат кога ги читале ставките во буџетот.

Не пропушти исто така да ги обвини и шарените бидејќи наводно со хипокризија силно и остро оротестирале против режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ и протечените разговори од судио снимките на Заев а додека денес воопшто не биле активни и не се побуниле против лошите политики на СДСМ.

На крај, Самоил Малчески суптилно најави пресметка со неистомислениците и чистка како во “златното” грујово време за кое очигледно го фатило носталгија. Неговата релативизација на нештата беше искажана со зборовите: “Долга е раката на ВМРО-ДПМНЕ, но е праведна.”