ПРАВОСУДСТВОТО РЕДОВНО ДОБИВА НИСКИ ОЦЕНКИ ОД ЕУ: ДОСЕГА РАЗРЕШЕНИ САМО 16 СУДИИ ПОРАДИ КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ИЛИ НАМЕРНО ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА СУДСКИ ПРОЦЕСИ

0
823

Денешното разрешување на судијата-поротник Митко Сандев поради навршените 60 години пак ја актуелизира ефикасноста на судските постапки или нивното одолговлекување најмногу поради нечии интереси. Поради пензионирањето на овој поротник, на почеток на судење се враќаат битните предмети на поранешното СЈО “Титаник”, “Талир 2”, “Топлик” и “Тендери”. Претходно беше разрешен судијата Горан Бошевски кој ги водеше случаите “Траекторија” и “Талир 1”. Овие два случаи исто така се враќаат на почеток. Вакви исходи говорат многу лошо за целокупното судство кога намерно се губи време без да стигнат до изрекување на конечни пресуди.

Досега Судскиот совет разреши 16 судии поради несовесно работење, одолговлекување на постапки или поради конфликт на интереси. Големиот проект за проветрување на судството мора да продолжи со засилено темпо.
Како што е случајот со пензионирањето на поротникот Сандев, со многугодишно одолговлекување на процесите и во други случаи може некој од судиите да ги исполни условите за пензионирање и процесите да се враќаат на почеток. Поради намерно пролонгирање на одредени процеси, Кривичниот суд е во ситуација да поставува судии-поротници кои се далеку од годините за пензионирање.
Во извештаите на ЕУ за Северна Македонија редовно се забележува дека судските процеси траат недозволиво долго и дека тоа е поврзано со оценките за владеење на правото. Владата има свои заложби и иницијативи за менување на состојбите но тоа може да биде залудно ако во судските сали, некои судии постапуваат по нечии интереси а не според важечките закони за донесување правда.