ПРАВИМЕ СЕ’ ШТО Е ВО НАША МОЌ, СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: НЕКОИ ПОЖАРИ СЕ ПОДМЕТНАТИ И БРЗО СЕ ШИРАТ, НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ РИЗИКУВАМЕ ЖИВОТИТЕ НА ПИЛОТИТЕ НА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ КОГА НЕ Е БЕЗБЕДНО ЗА ЛЕТАЊЕ

0
275

“Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени” – изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

“Дури и се чудиме некаде како пожарите се шират или се појавуваат. Има одредени сознанија за намерно палење, необјасниви се причините за некои пожари” – рече Ангелов. Полицијата засилено работи на терен за откривање на подметнувачите на пожарите.

Иако се апелира за ангажирање на хеликоптерите во гаснење на пожарите и се критикува дека недоволно се користат, директорот Ангелов изјави дека никаде во Европа хеликоптерите не гаснат пожари навечер.

“Хеликоптерите имаат лимит, не само нашите, и српските, и француските и американските. Никаде во Европа не постои хеликоптер кој гасне ноќно време, ова е проверена информација. На хеликоптерите не можеме да сметаме откако ќе се намали дневната светлина, тие мора да се вратат во база. Со нив управуваат луѓе чии животи ни се важни” – рече Ангелов.

На температура над 37 степени не е безбедно летање со хеликоптери.

“Паничното барање хеликоптери од стручни лица во наводници создава само паника. Верувајте преземаме сè што би презел секој ваков центар” – рече Ангелов.