ПРИЛЕП ИСПРАТИ КАРАТИСТКА НА ЛОИ ТОКИО 2020: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ СЕ СРЕТНА СО МЛАДАТА ОЛИМПИЈКА ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНОСКА

0
900
“Учеството на Олимпијада е сон на секој спортист. Оттаму претстојниот настап на Пулексенија Јованоска на Олимписките игри во Токио, е огромно признание како за неа лично, така и за македонското карате, за Прилеп како нејзин роден град, но и за Република Северна Македонија.
Исклучително ми е драго што на денешната средба со нашата олимпијка, беше видлива нејзината самодоверба, како и желбата и мотивацијата на најголемиот светски спортски настан да се претстави во најдобро светло.
Исто така, среќен сум што Пулексенија ја има безрезервната поддршка на граѓаните на Прилеп, но исто така што и ние како Општина правилно ги вреднувавме нејзините спортски достигнувања, кога во 2019 година ја избравме за најдобар спортист на Прилеп.
Без разлика на постигнатиот резултат, за нас како нејзини сограѓани, Пулексенија Јованоска е нашиот шампион.
Среќно, Пулексенија!”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ