ПОЗИТИВНИ НАЈАВИ ОД КАНДИДАТОТ ЗА НОВ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР, КИРИЛ ПЕТКОВ: ДА ГИ ЗАЈАКНЕМЕ ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ РАБОТНИ ГРУПИ ОД БИЗНИСОТ, КУЛТУРАТА, ИНФРАСТРУКТУРАТА

0
1026

Копретседателот на коалицијата “Промената продолжува”, Кирил Петков, како победник на парламентарните избори во Бугарија во неделата, изјави дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Северна Македонија.

Петков рече дека за решавање на прашањето потребно е да се направат работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата.
“Ако не се излезе со тимовите кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема како да се дојде до крајното решение” – рече Петков.
Тој е убеден дека нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Северна Македонија.

“Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим” – рече Петков.

“Единствениот начин некој да нѐ натера нешто да направиме е да нѐ убеди дека тоа е најправилно за Бугарија. На ниту еден друг начин тие не можат да влијаат” – смета Петков.