ПОРТУГАЛСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ СИЛВА И ЕВРОКОМЕСАРОТ ВАРХЕИ СО ШАТЛ ДИПЛОМАТИЈА ВО СОФИЈА И СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ ПРИБЛИЖАТ СТАВОВИТЕ НА ДВЕТЕ СТРАНИ

0
634

Португалскиот шеф на дипломатијата, Аугусто Силва и еврокомесарот за проширување утре во шатл дипломатија треба да ги приближат ставовите на Скопје и Софија околу бугарската блокада за да може во јуни да се донесе одлука за првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. Што има во нивните папки сѐ уште не се знае, но очигледно дека овој проблем станува прилично голем за Унијата затоа што уште една бугарска пречка на европскиот пат на Македонија ќе биде голем удар за довербата на ЕУ во регионот.

Според најавата на Европската комисија утре наутро, Вархеи и Силва ќе бидат во Софија каде што ќе се сретнат со бугарскиот претседател Румен Радев, со премиерот Јанев и министерот за надворешни работи Стоев.

Попладнето во Скопје тие ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Османи и вицепремиерот за европски прашања, Димитров.