PORNHUB, ЌЕ ДОДЕЛИ 25.000 ДОЛАРИ НА ЕДЕН СРЕЌЕН СТУДЕНТ, ШТО ТРЕБА ВИЕ ДА НАПРАВИТЕ?

0
589

Најпознатата интернет страница за порно содржина, Pornhub, како дел од својата програма „Pornhub Cares”, отвори фонд за стипенции со кој планираат да исплатат 25.000 долари како стипенција на еден среќен студент.

vnatresna_9077

Студентот, кој секако мора да биде од САД, ќе ги добие овие пари со цел да ги исплати студентските трошоци, кои се екстремно високи во оваа држава.

Оние кои ќе аплицираат, мора да имаат 18 години и да се запишани во акредитиран колеџ. Апликантите треба да напишан есеј на тема „Како се стремиш да ги направиш другите луѓе среќни?“ и да достави двеминутно видео во прилог на есејот, со содржина по желба, но портпаролот на Pornhub нагласува дека домашни порно видеа нема да бидат сфатени сериозно. (Сосема логично е ова е првиот вид на видео на кој би помислиле кога ќе се спомне Pornhub).

Колку и да ви делува чудно овој потег на Pornhub, целта на компанијата е да го направи она што постојано го прави во последно време – да допре до јавноста и ја направи својата интернет страница попријателска во очите на луѓето.