PornHub претстави нова категорија на својата веб страна

0
2258

Оваа недела “PornHub” направи голем чекор – ја воведе категоријата “Described Video”, која содржи аудио снимки наменети за личностите со оштетен вид.

Секоја сцена е детално опишана, од тоа што актерите го носат на себе, кога се соблекуваат, ги менуваат позите и слично. Колекцијата моментално има околу 50 такви аудио снимки.

pornhub-logo0

И додека оригиналното аудио останува непроменето, овие видео снимки ги унапредуваат сцените со додавање на детално објаснување за тоа како моделите изгледаат, што носат на себе…

Аудио снимките се создадени за да овозможат многу подобро искуство за личностите со оштетен вид. Професионалните наратори и актерите од “PornHub Aria” ги раскажуваат сцените.

Секое видео има поинаква нарација, која е скроена така што да обезбеди потполно уживање во сцената.

01e4bcb7000004b0-3643546-image-271466020853596

Кампањата ја води “PornHub Cares”, дивизија на компанијата која претходно беше задолжена за “The Christy Mack Collection”, која се бори против семејното насилство. Исто така, оваа дивизија беше задолжена и за кампањата “Save The Boobs”, која се бори против ракот на дојката.

“Нам во PornHub ни е цел да ги ‘услужиме’ сите наши корисници. Со додавањето на аудио снимки обезбедивме содржина специјално создадена за корисниците со оштетен вид. Ги повикуваме сите наши корисници да го посетат сајтот и да ја пробаат оваа содржина за да добиеме повратни информации”, рече Кори Прајс, од PornHub.

За сега колекцијата има голем број на разни содржини, а тука е дури и видеото на Ким Кардашијан, пишува “Daily Mail”.

046c4d5f00000514-3643546-image-281466020945608