ПОРАНЕШНИОТ ПОЛСКИ ПРЕМИЕР ДОНАЛД ТУСК ПРЕДУПРЕДУВА: МОРА ДА ЗАПРЕ КОНФЛИКТОТ НА ПОЛСКА И УНГАРИЈА СО БРИСЕЛ ЗА ДА НЕ СЕ РАСПАДНЕ ЕУ

0
278

“Конфликтите на Полска и Унгарија со Европската унија можат да предизвикаат процеси кои што можат да доведат до распад на блокот. Ако се најдат повеќе такви земји кои упорно ќе и’ штетат на Европската унија, тоа може да значи и крај на оваа организација” – предупреди поранешниот полски премиер и екс претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

Неговите забелешки се однесуваат на разликите на овие две земји со ЕУ во врска со демократските стандарди во ЕУ. Брисел е во остар дипломатски и политички конфликт со Варшава и Будимпешта за независноста на судството и слободата на медиумите. Конфликтот дополнително ескалираше оваа недела откако Уставниот суд на Полска донесе одлука дека земјата не треба да ги спроведува пресудите на Судот на ЕУ. Европската комисија отвори кривична постапка против двете држави во врска со правата на ЛГБТ заедницата.