ПОПЛАВИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ВЕЌЕ ОДЗЕДОА 133 ЖИВОТИ, СЕ ТРАГА ПО УШТЕ ЖРТВИ И ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА

0
882

Бројот на загинати лица во поплавите во Германија достигна 133. Полицијата во покраината Рајнланд Пфалц соопшти дека веќе има 90 загинати. Стотици луѓе во регионот се исчезнати и се проценува дека таму се можни околу 600 жртви. Во соседната покраина Северна Рајна Вестфалија е потврдена смртта на 43 лица.

Најмалку 25 лица загинаа и во поплавите во Белгија. Покрај Западна Германија и Белгија, од поплавите предизвикани од поројните дождови беа погодени и јужна Холандија, североисточна Франција, Луксембург и Швајцарија. На многу места, реките се излеаја од своите корита.