“Локалните избори да се одржат во првата половина на месец октомври за да се испочитува Уставот, а она што може да се одложи е пописот” – бара ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев за законски измени со кои би се поместиле изборите за две недели.
ВМРО-ДПМНЕ реагира зошто премиерот предложил датум без да се консултира со другите партии и инсистира локалните избори да се одржат во предвидениот рок. За пописот се бара место во септември, да се спроведе дури во ноември.
“Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Исто така, Уставот е над сè и во оваа држава Заев треба ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Односно согласно Уставот, локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври. Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот” – рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.