ПОПИСОТ ЌЕ БИДЕ БЕЗБЕДЕН И ЌЕ СЕ ОДРЖИ СПОРЕД ПРОТОКОЛИТЕ, ЗАЕВ: ТАА ОПЕРАЦИЈА МОРА ОДГОВОРНО ДА ЈА ЗАВРШИМЕ ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ

0
918

“Опозицијата пред неколку месеци бараше одложување на пописот а тогаш имавме по 50 случаи дневно. И рековме дека не знаеме што не’ чека во септември. И еве септември ни е на прагот а имаме високи бројки на заразени. Пописот ќе се одржи, а ќе има и високи хонорари за попишувачите” – рече премиерот Зоран Заев.

Како наближува 5 септември, денот на почетокот на пописот, се’ повеќе се пополнува бројот на попишувачи.

“Ја користам приликата уште еднаш да апелирам до граѓаните да се пријават: едноставно е, треба само да се пријаваат на веб-страницата на Заводот за статистика. Важно е поради тоа што ова е операција што се спроведува во нашата земја после 20 години. Приходите на попишувачите, односно анкетарите што ќе ја спроведат оваа статистичка операција, ќе бидат помеѓу 25 и 40 илјади денари” – рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.