ПОЛИТИКИ ЗА РАЗВОЈ, НАПРЕДОК, КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ, ЗАЕВ: СДСМ Е ФАВОРИТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
614

Премиерот Зоран Заев е убеден дека СДСМ е фаворит на локалните избори затоа што граѓаните и јавноста знаат дека напредок и развој е можен кога на кормилото на државата е СДСМ.

“Заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Сѐ што тие ќе побараат, ќе биде нотирано и анализирано, а проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма, а понатаму од Програмата за работа на општината. Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и во иднина и на централно и на локално ниво. Без разлика на кандидатот или кандидатката за градоначалничка функција, даваме збор дека мерките и програмите ќе бидат реализирани. Затоа сме фаворити на овие избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ” – напиша премиерот Заев.