ПОЛИТИЧКА НЕСЕРИОЗНОСТ ОД АЛИЈАНСАТА И АЛТЕРНАТИВА, ЗАЕВ: ДОГОВОРИВМЕ ЕДНО, СЕЛА И ГАШИ ПОДНЕСУВААТ ДРУГО ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ДРЖАВЈАНСТВО

0
1064

Премиерот Зоран Заев не е задоволен од она што го добил како предлог-решение за законот за државјанство од Алијанса/Алтернатива.

“Не е она што го договаравме” – рече Заев и најави нова средба со министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, министерот за земјоделство за да се прецизира и да се пушти во парламентарна процедура. Но уверен е дека договор ќе се постигне.

На вчерашите забелешки од претседателот на Собранието Талат Џафери дека и покрај лидерските средби, 28 закони и натаму се блокирани. Заев рече дека тие како Влада направиле сериозни отстапки за пописот, изборното законодавство, делот за гласање со отпечаток од прст, промени во важењето за законски решенија, како она за пензионирање, постигнат е договор за законот за бесправни градби и дека сега на ред е опозицијата. Ги повика претседателите на собраниските комисии од опозицијата да ги започнат расправите и да се одблокира работата.

Она што допрва ќе се договара со опозицијата се законот за АВМУ и за Клиничкиот центар. Најмногу амандмани – 2697 има поднесено Алијанса/Алтернатива на законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош ИПА.