Албански експретседател, експремиер и екслидер на демократите, Сали Бериша на денешното партиско собрание јавно искажа свој став за одлуката на Стејт департментот за неговото прогласување за персона нон грата.
“Оттука ги повикувам функционерите на Стејт департментот да го однесат во Париз секој документ, доказ што го имаат. Сето тоа да го стават пред јавност. Гарантирам дека секоја одлука ја носам сам. Благодарен сум на пријателите во Европа и САД за нивниот однос кон оваа одлука, но ги поканувам нив и секој на земјината топка кој има еден доказ, јавно да го презентира. Сали Бериша ја носи вистинската одлука, доколку имаат, а ви тврдам немаат докази, ќе останам понизен пред вистината, во спротивно ќе ја продолжам својата мисија. Како верник во Бога и човечкото достоинство, мојата битка за враќање на моето достоинство никогаш нема да престане” – рече Бериша.
Бериша ја критикуваше и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким за која рече дека се однесува како гувернерка, идентично како поранешните руски амбасадори во Тирана.