Polaroid Snap камерата инстантно печати фотографии, чини само 99 долари

0
499

kamera

Понекогаш, наједноставните уреди се и најзабавни за користење. Таква е новата Snap камера на Polaroid, која како што најавува името на брендот, може уште веднаш да ги испечати фотографиите што ги сликате. И е евтина. Многу евтина.

Секако, не очекувајте фотографии на ниво на професионалните апарати. Но, тоа и не е идејата. Идејата е да имате веднаш достапни испечатени слики. И сето тоа да биде забавно. Само видете го дизајнот и се ќе ви стане јасно! Сензорот инаку има 10 мегапиксели, што е и повеќе од доволно за големината на фотографиите кои ги печати апаратот (2х3 инчи).

polaroid1

Однадвор, изработката е целосно пластична и реално изгледа како камера – играчка, но таквите апарати беа прилично успешни во 80’ и 90’ години од минатиот век, кога фотографијата доживеа голема експанзија. А овој Polariod сака да ја врати токму таа забава и уживање во фотографирањето.

За зависниците од социјалните мрежи, без грижа, фотографиите ќе ги имате и во дигитален формат и истите ќе можат да се зачуваат на micro SD картичка. Дури и вградени се неколку филтри ала Instagram за да им дадете малку повеќе шарм на вашите фотографии.

А, да, фотографиите се печатат без мастило. Значи нема да треба да купувате кертриџи или некои слични надградби. Само ќе би треба Zink хартија од Polaroid. Брилијантно!