ПОДДРШКА ОД АМБАСАДОРКАТА БРНС: ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ГОЛЕМ ЧЕКОР НАПРЕД ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СПРАВУВАЈТЕ СЕ СО КОРУПЦИЈАТА И НЕПОТИЗМОТ

0
638

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс денеска во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД, оцени дека земјава постигнала евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но порача дека тој чекор мора да се одржува.

“Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По потпишувањето на историскиот Преспански договор во 2018. година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020. година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизамот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели” – рече Брнс во своето обраќање.