ПОД КОНТРОЛА СЕ ПОЖАРИТЕ ВО ПЕХЧЕВО И БЕРОВО, ЦУК: ЗАПАЛЕНИ СЕ ТРИ КУЌИ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО, ИМА ПОЖАР КАЈ ПРИЛЕП И КУМАНОВО

0
693

Пожарите во пехчевско и беровскио се под контрола, а се’ уште гори во Чучер Сандево во Скопје каде што се запалени три куќи. Активни пожари има и во кумановскиот и прилепскиот регион. Локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион и кај селото Герман во Крива Паланка.

На терен се екипи припадници на АРМ, ТППЕ, ДЗС и други институции, но и месното население помага на лице место за да не дојде до повторно разгорување на пожарите и ќе останат и во текот на ноќта. 

Кракот од истиот пожар во селото Разловци во делчевскот регон е ставен целосно под контрола. И на ова место уште се присутни екипите на ТППЕ, месно население и на Армијата кои исто така ќе останат и ќе ја следат состојбата до утре.