ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ ПРЕГОВАРАЧ ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО, АДАМАНТИОС ВАСИЛАКИС НА 79 ГОДИНИ

0
933

Грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, кој што беше главен преговарач за спорот за името меѓу Македонија и Грција во ООН, почина на возраст од 79 години.

Василакис бил роден на 13-ти јуни 1942 години во Хиос. Се вработил во грчката дипломатска служба во 1972 години и извршувал високи дипломатски функции во ЕУ и ООН.

Од 2002 до 2007 година тој беше постојан претставник на Грција во ООН а во 2005-2006 година ја претставуваше Грција и во Советот за безбедност на ООН.

Од 2007 година тој беше главен преговарач во 27-годишниот спор за името со денешна Северна Македонија. Преговорите ги водеше американскиот медијатор Метју Нимиц кој што беше специјален претставник на ООН за решавање на спорот за името.