ПОБРЗИ И ПОЕВТИНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, МАРИЧИЌ: РАБОТИМЕ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА 200 СУДНИЦИ И 34 СУДОВИ СО ПОМОШ ОД САД, ЕУ, ОБСЕ И НОРВЕШКА

0
645

“Што е дигитализацијата на судството и кога ќе се случи?

Министерството за правда со директна помош на САД, ЕУ, ОБСЕ и Норвешка, целосно ќе дигитализира речиси 200 судници и 34 судови низ земјата. Тоа за граѓаните ќе значи побрзи и поевтини судски постапки што е наше големо ветување.
Овој процес е во напредна фаза. Планот е направен, Владата го усвои и во наредните месеци следува практичната реализација на проектот, кој ќе биде дополнет и со промена на неколку закони.
Дигитализацијата значи и можност за онлајн судење, односно странката во некои случаи нема да има потреба да оди на суд, односно од дома ќе може да ја следи и учествува во постапката. Ова е големо олеснување и предност што ќе биде причина за побрзи и потранспарентни судски процеси.
Сите направени анализи покажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста.
Овој процес претставува и таканаречена зелена-дигитална трансформација. Тоа ќе значи тони заштедена хартија и милиони евра заштеди во секојдневното работење на судовите.
Дигитализацијата е проект во кој вложивме многу време и енергија, а набрзо ќе бидеме и сведоци на тоа како опремата постепено се инсталира во судовите.”
Фејсбук статус на министерот за правда, Бојан Маричиќ.