ПО СТОРИЈАТА НА ИРЛ ЗА УВОЗОТ НА ТОКСИЧНОТО МАСЛО КАКО МАЗУТ И ЈАВНИТЕ РЕАКЦИИ, МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ НАЈАВИ: ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА СОМНИТЕЛНИОТ УВОЗ И ДИСТРИБУЦИЈА НА МАЗУТОТ

0
718

“Во моментов ги собираме сите информации за увозот и дистрибуцијата на сомнителниот мазут и кога ќе ги имаме сите податоци ќе ја информираме јавноста. Ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство” – најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

“Потоа согласно законите Јавното обвинителство ќе покрене соодветни процедури” – рече Бектеши.

Потенцира дека веднаш откако излезе истражувањето на ИРЛ, во координација со Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, подготвиле заклучоци во Владата, кои што веќе се усвоени.

“Сите институции, почнувајќи од Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно заклучоците да ги достават сите информации” – рече Бектеши.