ПО СЕРИЈАТА УНГАРСКИ ВЕТА ЗА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА, ВО ЕУ СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ДИПЛОМАТСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ОРБАН И УНГАРИЈА

0
421

“ЕУ може да започне да издава соопштенија во име на 26 членки, наместо на сите 27 по серијата вета на Унгарија за низа прашања” – рече дипломат на ЕУ во петокот (21 мај) дипломат.

Забелешката следи по голем број на вета на Унгарија на ниво на ЕУ за прашања од надворешните работи. Во април ја блокираше изјавата на Европската унија во која се критикува кинескиот закон за безбедност во Хонгконг, на 18. мај одби да им се придружи на другите 26 министри за надворешни работи во повик за примирје во израелско-палестинскиот конфликт.

Потоа Унгарија рече дека не може да го одобри договорот за трговија и развој на ЕУ со земјите од Африка, Карибите и Пацификот, бидејќи тоа ќе донесе повеќе мигранти во блокот.

На прашањето како другите земји од ЕУ се чувствуваат во врска со унгарското вето, еден дипломат од ЕУ кој побара да не биде именуван, рече дека остатокот од блокот не е задоволен.

Сепак тоа не е комплетно нова ситуација и дека другите земји во минатото претставувале пречка во поинаков контекст, како што Холандија го блокираше ратификувањето на Договорот за асоцијација со Украина. Дипломатот додаде дека се чини дека разликата е во тоа што Холандија вложи напори да ја реши ситуацијата и на крајот се стори тоа.

“Повеќето земји-членки кои имаат проблем бараат начини да го решат тоа прашање. Не го видовме тоа од Унгарија” – рече дипломатот, додавајќи тоа е штета и ги загрижува сите.