ПО ГАСЕЊЕТО НА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА, ЗАЕВ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СИТЕ КОИ ШТО ПОМОГНАЛЕ ВО АКТИВНОСТИТЕ НА ТЕРЕН: ВЕЧНО ЌЕ ЈА ПАМЕТИМЕ ПОМОШТА КОЈА ЖИВОТ ЗНАЧИ

0
275

“Мештаните, општините и државата се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината.

Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, а пристигна од:
Австрија – 139 луѓе, 57 возила;
Словенија – 45 луѓе, 11 ПП и транспортни возила;
Србија – 16 луѓе, 4 хеликоптери за гасење пожар;
Бугарија – 25 луѓе, 3 ПП возила, 1 џип, 1 автобус;
Романија – 1 авион за гасење пожар, 1 авион за транспорт на логистички средства.
Вечно ќе се памети помошта која живот значи.
Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ