ПО БОКИ, И ЕКС ОБВИНИТЕЛКАТА КАТИЦА СПРОВЕДЕНА ВО ЗАТВОР ЗА РЕКЕТИРАЊЕТО НА ОЛИГАРХОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ

0
895

Екс обвинителката од СЈО, Катица Јанева од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија, е спроведена во затворот Идризово поради пресудата за случајот Рекет. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска потврди дека Јанева е спроведена во затворот во Скопје бил без упатен акт од судија за извршување на санкции, кој што требаше да го издаде судот во Гевгелија.

“Ќе поднесеме вонреден правен лек до Врховниот суд” – рече адвокатката Фрчкоска.

Јанева е осудена на 7 години затвор за случајот Рекет и беше потврдена казната од скопска Апелација. Досега таа беше во домашен притвор поради опасност од бегство.

Вчера во Идризово беше спроведен Бојан Јовановски – Боки 13, кој доби 9 годишна затворска казна за истиот случај.