ПЛАН ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ И ЗАБРЗУВАЊЕ НА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА, БЕСИМИ: СО ГАРАНТЕН ФОНД ЗА КРЕДИТИ ДО 500 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕМЕ ПРИ ЗЕМАЊЕ ПОВОЛНИ КРЕДИТИ НА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ФИРМИ

0
762

“Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30% во вкупните остварени приходи. Договорот помеѓу Владата и Развојната банка за издавање на гаранции преку Гарантниот фонд веќе е потпишан, а наскоро се очекува и потпишување на договорите помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки и штедилници” – изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

“Еден од инструментите во Планот за финансирање на заздравување и забрзан раст е Гарантниот фонд, преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема. Неодамна потпишавме договор со Развојна банка за Гарантниот фонд, од кој ќе се издаваат гаранции за новоодобрени кредити од банки и штедилници кои ќе им бидат од полза на микро, малите и средни претпријатија и на големите трговци кои вршат извоз, за непречено финансирање на тековните активности, како и на издржани бизнис проекти за купување на основни средства. Наскоро се очекува и потпишување на договорите помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки и штедилници кои ќе пројават интерес за овој инструмент. Со обезбедувањето на гаранциите, сметаме дека ќе се охрабрат банките и штедилниците да ја зголемат понудата на поволни кредити за компаниите, а истовремено ќе се намали ризикот на нивниот пласман” – рече министерот Бесими.