ПРЕДЛОГ ОД ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЗА СПОРОТ СО БУГАРИЈА: ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ПЕНДАРОВСКИ И РАДЕВ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ДА ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ВО ЈУНИ

0
753

Во гостувањето во дебатната емисија “Топ тема” на тв Телма, лидерот на Македонски копцепт, Петар Богојески искажа свое видување за текот на спорот со Бугарија.

Поради изборните резултати, смета дека ќе биде потребно повеќе време за формирање на нова Влада на Бугарија. Поради тоа предложи двајцата претседатели Пендаровски и Радев да ја преземат иницијативата за надминувањето на спорот со цел да се одржи првата меѓувладина конференција во јуни.

Од неодамнешната посета на Бугарија, Богојески доби впечаток дека таму владее поинаква атмосфера со цел да се деблокира напредокот на патот на Македонија кон ЕУ. Тврдеше дека изборите во Бугарија покажаа дека веќе не проаѓаат тврдите националистички ставови на политичари ко Захариева и Каракачанов.

За Македонија најповолна опција би била слаба Влада во Бугарија: или експертска Влада како што предлага Борисов или службена Влада назначена од претседателот Радев како што предлагаат опозициските социјалисти.