ПЕНДАРОВСКИ И РАДЕВ ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ГО ПОСЕТАТ ВАТИКАН ЗА ОДДАВАЊЕ ПОЧИТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

0
968

Македонска и бугарска делегација на 26-ти овој месец со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија предводени од претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, оваа година заедно ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Државните делегации на двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата “Санта Маџоре” како и на гробот на свети Кирил во базиликата “Свети Климент” во Рим и Ватикан.