НОВА ЧАДНА ЗАВЕСА ОД ВМРО-ДПМНЕ, ПЕЦАКОВ: Интерпелација и за Филипче во Собрание

0
287

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во гостување на тв Алфа се обиде жестоко да го нападне министерот за здравство, Венко Филипче поради предолгото чекање на вакцините и високата црна статистика за време на корона пандемијата. Сепак ова е манипулација за јавноста откако СЗО веќе јавно изјави дека грешката не е воопшто кај Северна Македонија бидејќи вакцините биле навреме нарачани и платени.

Пецаков најави поднесување на интерпелација на министерот Филипче во Собрание откако ќе бидат ставени на дневен ред и веќе поднесените интерпелации за вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Треба да се има предвид дека владиното мнозинство е стабилно и дека вакви поединечни интерпелации служат само за замајување на јавноста со театрално повикување на одговорност на владините министри.