ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ПОВТОРНО БАРА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ЗА ПОДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ: ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ ПРАВАТ КОАЛИЦИИ СО ПОМАЛИТЕ ЗА ДА ПОБЕДАТ И ПОТОА ГИ МАРГИНАЛИЗИРААТ

0
935

“Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат” – рече пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов во емисијата “Утрински брифинг”.

“Големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Проблем е што четирите големи партии направија таков модел што ќе биде во нивна полза и ги елиминирале помалите политички партии” – рече Трајанов.
Тој пак побара промена на изборниот модел и една изборна единица бидејќи вака помалите партии губат од 100 до 120 илјади гласови.

“Ниедна голема партија, кога ќе освои мнозинство е комотна, не го спроведува она што го ветила. Во јавноста е познато дека големите партии прават коалиции со помалите, но кога ќе се етаблира власта, помалите никој не ги прашува за ништо” – смета Трајанов.

“Ако сте биле на избори со една партија во коалиција, не е принципиелно да се напушти таа коалиција и да се премине на другата страна” – коментираше тој алудирајќи на предизборната коалиција на СДСМ со Беса и потоа излегувањето на Беса од Владата.

“Така можеше легитимно да се урне владата на Заев, а не како Беса која неправедно имаше 4 пратеника и го направи тоа што го направи. Ние пак, мислиме и на државата и затоа не се приклучивме на таа иницијатива” – рече Трајанов.

Исто така тој застапува став дека треба да се елиминираат системските предности што ги имаат големите партии за времето за рекламирање и државното финансирање на партиите.