ПАПАТА ФРАНЦИСКО ВО ПОСЕТА НА ГРЦИЈА: ЛИЧНО СЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА СОСТОЈБАТА СО БЕГАЛЦИТЕ ОД ВОЕНИТЕ КОНФЛИКТИ

0
888

Папата Франциско денес пристигна во Атина за да алармира за страдањата на мигрантите и бегалците кои што пристигнале во Грција.

По дводневната посета на Кипар, папата ја посети и Грција бидејќи таа е една од главните влезни точки на ЕУ за бегалците од војните и сиромаштијата на Блискиот Исток и Африка.
Деца во традиционални грчки носии, момче од Африка и девојка од Филипините, го поздравија поглаварот на Католичката црква кога тој излезе од авионот.

Папата Франциско утре ќе го посети и островот Лезбос и центарот за прием на мигранти што беше изграден откако лани во пожар изгоре злогласниот камп Морија.

За време на претходната посета во 2016-та година, Папата лично ја посети Морија, преполн камп познат по своите многу лоши услови за живот.

Тој со својот авион тогаш донесе 3 семејства од Сирија во Рим, а сега договори 50 бегалци да бидат префрлени од Кипар во Италија по неговото патување.