Панов: На Мила Царовска и’ пречи спомнувањето на Македонија во учебникот за географија

0
731

Еден од авторите на спорниот учебник за географија за втора година средно образование, Никола Панов тенденциозно во интервју на Алфа изјави дека причината за повлекување на тој учебник била тоа што на министерката за образование, Мила Царовска и’ пречел терминот Македонија. Вистинската причина е сепак тоа што одредени содржини им се навредливи на Албанците како етничка заедница во Северна Македонија. Дополнително долеа масло на огнот со тезата дека тој учебник за географија не бил спорен уште од 2002 год. иако во тоа министерство имаше и министри Албанци и дури сега се бараат измени во дел од содржините особено поради импликациите од Преспанскиот договор.