ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ НА ЖИТОТО РАСТАТ И ВО РЕГИОНОТ, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ МОРА ДА ДОБИЈАТ ФЕР ЦЕНА, АРИЈАНИТ ХОЏА: МЕЛНИЧАРИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ГИ НАМАЛУВААТ ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ ЗА ВИСИНАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ОД ДРЖАВАТА

0
715

“Цените на житото на берзите на светско и регионално ниво растат и тоа треба да биде тренд и овде” – рече министерот за земјоделство Аријанит Хоџа.

“Јас ќе бидам во постојана комуникација, како што сум со другите потсекторски групи цело време и мислам ќе успееме да обезбедиме добар однос меѓу производителите и откупувачите. Не би можел да кажувам цена, бидејќи тоа е работа на договор, слобода на пазарот, но верувам дека ќе има задоволителна цена од двете страни” – рече Хоџа.

За следната недела најави состанок со производителите и откупувачите на жито.

“Што и да преземаме ние како држава и Министерство во делот на субвенционирање, тоа не треба да се сфати како можност за намалување на цената од страна на мелничарите кон земјоделците. Треба да бидеме што поконкурентни на пазарот во регионот, но и пошироко, но нема да дозволам за било која субвенција што ќе се дава во државата тоа индиректно да се рефлектира во намалување на цената на житото, посебно на пченицата” – јасно порача министерот Хоџа.