ОТКАКО ИВИЦА БОЦЕВСКИ СЕ ВРАТИ ОД БРАЗИЛ, МУ ЗАЈАКНА ВМОРОНСКИОТ КВАЗИПАТРИОТИЗАМ: КОГА НЕКОЈ ЈА КОРИСТИ ГЕОГРАФСКАТА ПРИДАВКА ПРЕД МЕНЕ, ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА, ЛИЧНА НАВРЕДА И ПОНИЖУВАЊЕ

0
2174

После 5 години, конечно го видовме екс вицепремиерот за евроинтеграции и амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски на интервју, овој пат на тв Алфа во емисијата “Заспиј ако можеш”.
Уште од старт, се испофали колку бил ангажиран за Македонија да добие 50 респиратори од Бразил од почетокот на пандемијата иако таа земја забранила извоз поради сопствени недостатоци во здравствениот систем. Тоа го потенцираше прекумерно иако Македонија имаше доволно респиратори во државните и приватните здравствени институции.
Потоа се осврна на договорите со Грција и Бугарија, за кои што тврдеше дека се проблематични и дека треба да се поништат. Според него, потоа треба да се покрене дијалог на рамноправна основа со Грција со цел да се направи поповолен договор за нас Македонците. Во однос на Бугарија, рече дека е потребно повеќе време за двата народи да воспостават коректна соработка на различни нивоа и да се почитуваат за да ги надминат недоразбирањата. Го спомна и потенцијалниот кандидат за премиер, шоуменот Слави Трифонов кој што веќе 20 години води емисија во која што шири говор на омраза кон Македонците како некакви карикатури и тоа ги отежнува состојбите. Очигледно Боцевски заборава базични принципи на геополитиката и дека во ниту една ситуација Македонија не може да преговара од иста позиција ни со Грција ни со Бугарија без поддршка од меѓународната заедница.
Единствено нешто за кое што можеме да се согласиме со Боцевски е дека Македонија не треба да се вмешува во дипломатски конфликти на САД против Русија бидејќи од тоа ние како мала земја имаме многу повеќе што да изгубиме, особено во периодов додека очекуваме и нивни вакцини.
На крај, на Боцевски му се пробуди вморонскиот квазипатриотизам. Рече дека не се согласува со географската одредница, дека не била поддржана на референдум туку била наметната однадвор и како таква не може да биде прифатена од македонскиот народ. Ја чувствувал како говор на омраза кон Македонците, лична навреда и понижување.
Дали Боцевски не се чувствуваше навреден и понижен додека му беше слеп и нем послушник на екс режимот и дел од таа Грујова Влада во злоделата и криминалите, а потоа и награден како прв и последен македонски амбасадор во Бразил? Баш тој треба да си го подеси етичкиот и политички компас откако веќе беше член од интерес и на СДСМ и на ЛДП.