ОСТРИ КРИТИКИ ЗА ПРЕГОЛЕМОТО ЧЕКАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ЕДИ РАМА: ЕУ ГИ ПРЕКРШИ ВЕТУВАЊАТА КОН ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И ПРАВИ РАЗДОР НА БАЛКАНОТ

0
1230

Албанскиот премиер Еди Рама, во ексклузивно интервју за познатиот германски весник Билд, ги обвини шефовите на државите-членки на Европската унија за блокирање на пристапот на неговата земја и на Северна Македонија.

“ЕУ ги прекрши ветувањата и води до раздор меѓу народите на Балканот со политички цинизам. Како во “Чекајќи го Годо”, многу се зборува, ништо не се случува” – рече премиерот Рама.

“Тоа беше долго негувана амбиција на нашите земји, Албанија и Северна Македонија, за да се приклучат на Европската унија и на тој начин да им овозможат на нашите граѓани да имаат корист од слободниот пазар и да учествуваат во оваа голема демократија. Дозволете ми да разјаснам една работа: како премиер на Албанија, целосно знам дека не сме подготвени денес да влеземе во Европската унија, ниту Северна Македонија или остатокот од Западен Балкан, дека има многу барања кои двете земји треба да ги исполнат за да станат членки на ЕУ” – рече Рама.

Но и двете земји ги исполнија неопходнте услови за да го започнат преговарачкиот процес.

“Но нашите две земји, Албанија и Северна Македонија, ги исполнија сите, дури и повеќе од неопходните услови за вистински да го започнат преговарачкиот процес со Брисел.”