ОСНОВАНИ СОМНЕЖИ И ДОКАЗИ ПРОТИВ АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ: ВМЕШАН ВО ВИСОКА КОРУПЦИЈА И КЛИЕНТЕЛИЗАМ ВО НЕГОВАТА ВЛАДА

0
866

Обвинителството на Австрија за економски прашања и корупција откри нови докази во истрагата за корупција против канцеларот Себастијан Курц. Тоа е во врска со негов разговор кој датира од 2016 година.

Според пораките помеѓу тогашниот министер за надворешни работи, Курц и шефот на канцеларијата на министерството, Томас Шмид, тој го зголемил буџетот на министерството, наводно без знаење на тогашниот министер за финансии, Рајнхолд Митерлехнер.

“Добивте зголемување на буџетот од 30%! Ние го сторивме тоа само за вас. Повеќе од 160 милиони евра повеќе!” – рекол Шмид во пораката до Курц. За ова Шмид му се пофалил и на сегашниот министер за финансии Гернот Блумел, кој во тоа време беше шеф на партијата ОВП во Виена.

Обвинителството соопшти дека пораката може да биде значајна за да се разбере назначувањето на Шмид за шеф на државната холдинг компанија во Австрија 3 години подоцна и дека е индиција за потенцијална размена на услуги меѓу нив.