ОРТОПЕДОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРИЛЕП

0
1352

Докторот Борче Јовчески ќе биде кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата кандидатура беше најавена на партиска трибина во Прилеп, на која присуствуваше и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски. Останува уште да биде официјализирана и на седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија.

Ова е втор познат кандидат за градоначалник кој што го објави ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата соопштија и дека на локалните избори во Охрид ќе излезат со актуелниот пратеник, Кирил Пецаков.