ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ГО ЗАПИРА ШИРЕЊЕТО НА ТЕШКАТА ИНДУСТРИЈА И ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗЕЛЕНИТЕ ЗОНИ

0
757

Општина Гази Баба денеска спроведе Јавна расправа за Нацрт извештаите за Стратегиска оценка на животната средина за урбанистичките проекти вон опфат за уредување на земјиште со намена Е3.1 на која беа презентирани експертски согледувања. Од општината информираат дека предложиле неколку урбанистички планови кои што имаат за цел воведување на ред во зоната после 60 години.

“Само со ДУП-ови би знаеле колку точно капацитети има на локацијата, која е нивната дејност, дали делуваат согласно законските акти за животна средина. Овие урбанистички планови, исто така беа и ќе бидат предмет на јавна расправа” – се вели во соопштението од Општината Гази Баба.

Со овие планови општината ја укинува можноста за проширување на постојната тешка индустрија и не дозволува изградба на нова. Предвидено е за 30% да се намалат површините под загадувачка индустрија, а да се зголеми зелениот заштитен појас меѓу зоната и населбата.

“Нашата цел е и решавање на отпадот кој е во таа зона. Токму затоа се изработени три Стратегии за оценка на животната средина на посочените локации, кои денеска беа презентирани пред граѓаните, за да може да почне разгледувањето на можностите за расчистување на отпадот кој се создава при процесот на производство во Железара,” – се вели во соопштението.